Прва жртва на коронавирус во Бугарија

Жената вчера била донесена во клиниката ,,Пирогов” во Софија во многу тешка состојба, а починала попладнево. Од клиниката велат дека продолжуваат да сде борат за животот на 74- годишен маж , исто во тешка состојба .

Во Бугарија има вкупно петмина заболени од коронавирус. Двајца се од местото Габрово , двајца се од Плевен и мажот од Софија кој е во тешка состојба.

Тој бил сопруг на починатата 66 годишна жена. И двајцата не патувале во странство , а здравствените власти сега испитуваат 98 лица кои биле во контакт со нив.  

Translate »