Професор од Израел одговара на клучното прашање – дали од коронавирусот ќе изумрат милиони?
Исаија Аркин е професор по структурална биохемија на еврејскиот Универзитет во Ерусалим, чие истражување е поразлично од останатите…
Ви ги пренесуваме позначајните делови од интервјуто кое што овој професор го дал за „Times of Israel“.
„Доколку вакцината е оддалечена една година од нас, а пристапот до лекови би можел да биде поспор или побрз, тогаш најлошото сценарио кое што може да го доживее светот е да помине една цела година дури да се најде ефикасен третман за лечење. Дали е тоа точно?“
– Не! Најлош случај од сите е никогаш ништо да не најдеме.
„Дали тогаш е веројатно дека нема брзо да биде пронајдена вакцина?“
– Сите знаеме за огромниот морталитет и морбидитет кој што го предизвика AIDS. Немаме вакцина. Хепатитис Ц е огромен проблем. Немаме вакцина.
Ако го барате најдоброто сценарио, тогаш тоа е пронаоѓање вакцина за неколку месеци. Не сакам да кажам шест месеци затоа што тогаш луѓето ќе кажат – “професорот го кажа тоа“. Тоа мора да биде вистина. А, сите знаеме дека тоа мора да биде така. Доколку бидам голем оптимист тогаш за да се пронајде вакцина потребни се неколку месеци. А, варијантата од една година е нереална.
Меѓутоа, треба да знаете дека ние немаме вакцина против САРС. Не знаеме дали тоа е така поради тоа што луѓето го загубија интересот, затоа што не е забележан пример на заболен пациент на САРС од 2003-та па наваму. Значи, немаше интересирање за тоа.
„Значи САРС самиот исчезна?“
– Точно.
„А, САРС 1?“
– Само да објаснам нешто – AIDS е болест, а HIV е вирус кој ја предизвикува таа болест. Значи, САРС е болест, САРС Коронавирус-1 е вирус кој предизвикува болест. Моментално болеста се вика Ковид-19, а вирусот САРС Коронавирус-2.
„И никогаш не сме нашле нешто со кое би го лечеле САРС Коронавирус-1?“
– Или пак било кој друг корона вирус. За корона вирусите знаеме веќе подолг временски период. Тие вообичаено предизвикуваат блага настинка кај луѓето. Исто така тие предизвикуваат и благи инфекции на дишните патишта.
Кај птиците и кај стоката точно се воочува значајниот морбидитет. Значи, доколку сте фармер, тие работи значително ви пречат. Постојат некои вакцини против корона вирусите кои што ги инфицираат животните.
„Постои загриженост дека овој вирус е поразличен од останатите. А, вие велите дека нема гаранција дека ќе се најде вакцина или лекови?“
– Точно.
„Звучи апокалиптично“
– Не, не, не. Не сакам да предизвикам некаква паника. Пред сè, новиот вирус е многу сличен на оној кој истражувачката заедница го пронајде во 2002-2003 година. Тоа што предизвикува САРС во текот на тоа време е многу слично, околу 80 отсто идентично со тоа што се нарекува Ковид-19.
Ова нема да го убие човештвото. Ова е болест кога воглавно ги погодува постарите луѓе. Но, кај луѓето кои што не се класифицирани како стари, тој создава инфекција на дишните патишта која што не е толку сериозна и поголемиот дел од луѓето имаат благи симптоми.
Значи, нема да видите милиони луѓе како умираат, тоа нема да се случи.
„Значи не мислите дека милиони луѓе би починале во светот?“
– Не можам да го замислам тоа. Најголемиот проблем за кој не знаеме се однесува на она кое што ние го нарекуваме асимптоматски луѓе. Асимптоматските луѓе се оние кои што го носат вирусот, кои што се заразени, но немаат никакви симтоми и не знаат дека го имаат во нив. И тоа навистина е проблем. Причината поради која во Кина успеаа да го спречат ширењето на вирусот е ПОЛИЦИСКИ ЧАС.