9 значајни вести кои можеби сте ги пропуштиле поради коронавирусот, а кои се важни за целиот свет
Коронавирусот е главна вест во сите земји во светот, што е и оправдано затоа што пандемијата Ковид-19 е сериозна и голема закана за нашето здравје.
Меѓутоа, и понатаму во светот се случуваат различни настани, а на интернет овие денови се појавија интересни вести кои што ќе ви ги пренесеме и ние:
1. Шокантен закон на Конгресот на САД
Предлог законот кој моментално тргнува од американскиот Конгрес, па наоколу, насочен е кон борбата против материјали за сексуално злоставување на децата. Меѓутоа, организациите за заштита на приватност предупредија дека тоа би можело да го загрози интернет шифрирањето и да ѝ дозволи на американската влада да ги чита приватните пораки на поединците.
2. Втор случај во светот на пациент излечен од ХИВ
Човек од Лондон стана втор пациент на светот кој што беше целосно излечен од ХИВ, велат американските доктори. Адам Кастиљо го нема вирусот подолго од 30 месеци по прекинот на терапијата. Меѓутоа, тој не бил излечен со лекови против ХИВ туку преку матични ќелии кои ги примил поради канцерот кој што го имал.
3. Научниците го пронајдоа најмалиот диносаурус кој некогаш постоел
Научниците го откриле најмалиот диносаурус кој некогаш постоел, откако нашле фосил на новооткриен вид. Истиот бил пронајден во северен Мјанмар, земја на југоистокот од Азија. Фосилот е стар најмалку 99 милиони години, а научниците сметаат дека диносаурусот бил со големина на птицата колибри – најситната птица на планетата Земја.
4. Харви Вајнштајн е осуден на затворска казна од 23 години
Популарниот холивудски продуцент, Харви, бил осуден во средата во судница во Њујорк на затворска казна од 23 години поради сексуално злоставување на жени.
5. Наплив на скакулци во Африка
Околу 100 милијарди скакулци се пробиле низ делови на Источна Африка и Јужна Азија, заканувајќи им се на посевите. Инсектите кои секојдневно ја јадат својата телесна тежина во вид на храна, се размножуваат така што до јуни нивниот број многу повеќе би се зголемил.
6. Американците беа нападнати во Ирак
Двајца припадници на американската служба биле убиени во текот на напад со ракета на воената база во Ирак, објавиле претставници од американската војска. Исто така починал и британски војник, а 14 други лица се ранети.
7. Путин донесе закон според кој може да владее до 2036-та година
Претседателот на Русија, Владимир Путин официјално поднесе барање до рускиот Уставен суд за измени на Уставот, потег кој би можел да му овозможи да остане на власт до 2036-та година.
8. Голем астероид ѝ се заканува на Земјата
Голем астероид ќе помине во близина на нашата Земја следниот месец, но според податоците на НАСА истиот нема да ја погоди нашата планета. Од Си-ен-ен пренесуваат дека тој астероид треба да помине покрај нашата Земја на 29-ти април во 4 часот и 56 минути наутро.
9. Бројот на случаи на грозница денга е во пораст
На 12-февруари 2020-та година, Европскиот центар за превенција и контрола на болести известил дека бројот на случаи од инфекцијата денга е значително зголемен. Во јануари, 2020-та година здравствените власти прогласиле епидемија на денга во Гвадалупе и Сан Мартини и навеле дека Мартиник е исто така загрозен од епидемија. Денга е акутна заразна болест од групата на хеморагиски грозници која се карактеризира со зголемена телесна температура, проследена со артралгични и хеморагиски синдром. Ја пренесуваат вид тигрести комарци кои живеат во тропските краеви, па поради тоа на нашите простори истата не е честа појава.