Оздравени се 53 пациенти, четворица починаa и потврдени се 13 нови случи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени од Ковид-19, а четворица се починати.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале две лица, 58-годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81-годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. И двете пациентки страдале од висок крвен пристисок.

Во ГОБ „8 септември“ почина едно лицe од Куманово на возраст од 47 години, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина. Починал и пациент од Битола кој се лекуваше во болницата во Битола. Пациентот бил на возраст од 66 години и во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза.

Во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје-4, Куманово-5, Прилеп-2 и Тетово-2. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја изнесува, 1.399.

Последната дистрибуција по градови е следна Скопје – 475, Куманово – 376, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –143, Тетово – 75, Струга – 64, Велес – 66, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –15, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -4, Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 1, Валандово -1, Виница – 2

Досега во земјата се направени вкупно 15.409 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е примен еден нов пациент, а хоспитализирани се вкупно 61. Од нив 18 се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а пет пациенти се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се осум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 32. На респираторна машина се седум пациенти, а со потешка клиничка слика уште четворица.

Во болницата во Битола се хоспитализирани седум, а се следат вкупно осум пациенти во домашно лекување, додека во болницата во Штип се лекуваат двајца пациенти, а се следат уште девет. На инфективните одделенија во болниците во Куманово, Велес и Прилеп се хоспитализирани 50 пациенти, потврдени и суспектни на Ковид-19.

Translate »