ВКЛУЧЕН Е ГЛОБАЛНИОТ КОРОНА-АЛАРМ: ОВИЕ ЗЕМЈИ ИМААТ ПОТРЕБА ОД ИТНА ПОМОШ ИЛИ НАСКОРО МИЛИЈАРДА ЛУЃЕ ЌЕ БИДАТ ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19
Доколку не се обезбеди итна помош за неразвиените земји, милијарди луѓе би можеле да бидат заразени со коронавирус низ светот, тврдат хуманитарните организации.
Меѓународниот одбор за спасување (IRC) наведува дека е неопходна хуманитарна и финансиска помош на многу земји за да се спречи ширењето на новиот коронавирус. На земјите како Сирија и Авганистан,ќе им треба „итно финансирање“ за заштита, од новиот напад на вирусот, јавува Би-Би-Си.
„Имаме многу малку време“, предупредуваат од IRC.
Според пресметките до денес, во светот има повеќе од три милиони заразени. Сепак, бројките на IRC сугерираат дека наскоро би можело да бидат помеѓу 500 милиони до една милијарда. Организацијата се поистоветува на математичките модели засновани на податоци од Светската здравствена организација (СЗО) и Империал колеџот во Лондон.
IRC исто така тврди дека може да има смртност до три милиони лица во светот, особено во нестабилните земји.
„Оваа информација треба да нè разбуди. Пандемијата главно ќе ги погоди повеќето неразвиени земји и земјите уништени од војна. Итно собирање на средства е клучно“, изјави шефот на IRC, Дејвид Милибанд, поранешен поранешен министер за надворешни работи на Велика Британија.
Тој додаде дека владите сега треба да работат заедно.
Во многу неразвиени земји, бројот на заразени и починати е релативно мал. Организациите сметаат дека бројките се сепак многу поголеми.
„Убедени сме дека локалниот пренос е во тек. Проблемот е што има многу малку тестирања“, вели Керолин Сегин, која управува со активностите на „Лекари без граници“ во Јемен.
Таа додаде дека јеменскиот здравствен систем се соочува со колапс и не е во состојба да се справи со ваквата пандемија, пренесува Би-Би-Си.