На маса во кафуле или ресторан до четворица, ќе може да пиете кафе и со луѓе што не ви се фамилија
Кај нас ќе може на иста маса да седат луѓе од различни семејства, односно пријатели, познаници и нема да се проверува дали се од исто домаќинство како што тоа се прави во странство.
Протоколот за тоа како ќе функционираат кафулињата и угостителските објекти е готов и даден на разгледување кај претставници на Стопанската комора.
Неофицијално дознаваме дека на маса во кафуле или ресторан ќе може да седат најмногу до четворица, меѓу масите ќе мора да има растојание. На почеток најверојатно ќе бидат отворени само летните тераси од угостителските обекти а ќе мора да има и задолжителен редар.
Од вработени во повеќе кафулиња дознаваме дека тие веќе ги припремаат кафулињата за работа, но не знаат точно за од кој датум бидејќи тоа ќе треба да биде одлучено неделава на владина седница.
Нашите извори го споменуваат 11 мај како евентуален датум за старт, но оваа информација не успеавме да ја потврдиме официјално.
Моделот што ќе го користиме за функционирање на угостителските објекти не е сличен на оној од соседството каде само членови на исто семејство ќе може да уживаат во заедничко кафе или ручек.
Кај нас ќе може на иста маса да седат луѓе од различни семејства, односно пријатели, познаници и нема да се проверува дали се од исто домаќинство како што тоа се прави во странство.
За старт, само летните тераси ќе може да бидат отворени, тврдат нашите извори.
Најверојатно, ќе има рестрикција и за работното време на кафулињата, односно, како што дознаваме тие е предложено да работат до 18 часот.