ЦРН БИЛАНС ВО ФРАНЦИЈА: ПОВЕЌЕ ОД 25 ИЛЈАДИ СМРТНИ СЛУЧАИ, НОВИ 576 ЗАРАЗЕНИ
Во Франција од 1 март починале 25.201 луѓе од коронавирус, а 306 луѓе починале во последните 24 часа, соопштија денеска властите.
Во таа земја, која е меѓу најпогодените од епидемијата на коронавирус, во последните 24 часа се регистрирани 576 нови пациенти, што значи вкупно 131.863 заразени.
Министерот за здравство на Франција, Оливие Веран изјави дека околу 3.696 пациенти се уште се наоѓаат во одделите за интензивна нега во болниците.