ГЕРМАНСКИ ИНСТИТУТ ТВРДИ ДЕКА ЈА ПРОНАШЛЕ „АХИЛОВАТА ПЕТА“ НА КОРОНАВИРУСОТ: ЌЕ ГО НАПАДНЕМЕ СО ДВОЕН УДАР
Германскиот институт за биохемија (IBC) објавил дека е можно нивните експерти во соработка со други тимови да ја откриле „Ахиловата пета“ на коронавирусот.
Во изјавата на институтот, предводена од хрватскиот научник Иван Џикиќ, се вели дека научните тимови идентификувале протеза (ПЛпро) на вирусот САРС-Ков-2 сличен на папаин, што е суштински вирусен ензим и потенцијална слаба точка што може да биде еден вид „Ахилова петта“ на новиот коронавирус, пренесува Танјуг.
ПЛПРО е инаку потребен за производство на вирусни полипептиди и за составување на вируси во човечките клетки.Ivan Đikić@iDikic2
Focusing on #CoV-2 essential protease we found that inhibition of PLpro blocks viral spread and empowers host anti-viral responses.A remarkable team effort, detailed study, inspirational, the best experience in my career. #COVID19, #SARS_COV_2https://researchsquare.com/article/rs-27134/v1 …275Twitter Ads info and privacy85 people are talking about this
Покрај тоа, новиот коронавирус го искористил овој ензим за да го потисне имуно-антивирусниот одговор на телото, што му помага да го смени имунолошкиот систем на една личност во своја корист.
На тој начин, вирусот полесно може да се размножува и шири понатаму, се наведува во соопштението.
Тимот на научници покажал дека фармацевтското таргетирање на ПЛпро со не-ковалентен инхибитор на GRL-0617 може да го блокира ширењето на вирусот и да го зајакне антивирусниот имунитет кај епителните клетки на човекот, кои се примарното место на влез на патогени во човечкото тело.
„Нашите резултати ја отвораат возбудливата можност за терапевтска стратегија заснована на двоен удар со таргетирање на ПЛпро: запирање на ширењето на вирусот и зајакнување на човечкиот имунолошки систем во исто време“, вели Џикиќ, кој е водечки автор на овој научен труд.
Тој додава дека главна улога имаат и научниците од Институтот за медицинска вирологија, како и експерти од Франкфурт, Минхен, Мајнц, Фрајбург и Лајден.