Се венчала со шеик, му родила 3 деца и ужива во свила и кадифе! Јелена бин Драи сега има силна порака која ги ‘раздрма’ сите!
Јелена бин Драи, една од најбогатите Србинки се венчала со шеикот Саид бин Драи, со кој има три деца, Аси, Хилаи и Хамдан, ужива во луксуз, а освен што е вработена и работи, многу е активна на социјалните мрежи.
Јелена на Инстаграм споделила селфи без тронка шминка и напишала статус кој многумина ги изненадил.
„Кои сте вие? Кога блескате, не го крадете туѓиот сјај. Кога се издигнувате, ништо не земајте од другите. Кога живеете во изобилство не крадете го од другите. Една светлина не свети посилно од друга, но секоја светлина се обидува да блеска во полн сјај само за себе“, напишала Јелена.
„Јас Ве обожувам, Ве ценам и сакам секогаш да гледам среќа на вашето лице“, „Зошто си толку мистериозна?“, „Убаво кажано“, „Убавица“, се само дел од коментарите под фотографијата направена во Дубаи.