ФИЛИПЧЕ: ПРИВАТНИТЕ СОБИРИ И ПРОСЛАВИ Е МЕСТОТО КАДЕ СЕ ПРЕНЕСУВА ЗАРАЗАТА

Задоволни сме и од динамиката на скринингот сите тестови освен еден се негативни, во Битола е потврден еден позитивен случај на вработена во градинка, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој напомена дека скринингот продолжува и во домовите за стари лица и хронично болните.

-Во изминатиот период на хируршките клиники направени се над 1000 неодложни операции. Одлучено е за сите здравствени и нездравствени работници да добијат награда од 20 проценти за два месеца.Никој нема да биде изоставен, изјави Филипче.

Филипче рече дека иако имаме поголем број на заразени, епидемијата е под контрола и дека кластерите се познати.

-Првата битка ја добивме, но борбата не е завршена. Рестриктивните мерки се опуштаат пополека почнуваме да живееме понормално. Коронавирусот е тука и ќе остане додека не стекнеме колективен имунитет. Сите треба да се навикнеме на новата реалност.Приватните собири и прослави се најголемото место каде се пренесува заразата. Сите досегашни студии и епидемии покажуваат дека и вирусот ќе има втор бран. Се подготвуваме за новиот бран на есен., изјави Филипче.

Translate »