Успешна првата траснплантација на срце во земјава
Првата трансплантација на срце што беше изведена ноќеска на Клиниката за државна кардиорирургија е успешна, објави на фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.
– Трансплатацијата успешна! Ова е огромен успех на македонското здравство. Честитки до сите колеги., напиша Филипче.
Првата кадаверична трансплантација на срце, односно трансплантација од починат донор, ја изврши тим од тројца кардиохирурзи под водство на проф. д-р. Сашко Јовев од државната кардиохирургија, акад. д-р. Жан Митрев од „Жан Митрев Клиника”, проф. д-р. Александар Николиќ од болницата „Аџибадем Систина” и анестезиологот д-р. Маја Мојсова од Универзитетска Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување, воедно и национален координатор за трансплантација.