Лешникот го чува умот-приказната на дедо Спасе!
Дедо Спасе беше човек кој го пропатувал целиот свет. Но, копнежот кон родниот крај го натерал да се врати во Драслајца, село близу Охридското Езеро. Авантурите и доживувањата од петте континенти го претвориле во првокласен раскажувач. Сите се собираа во неговиот двор и до доцна во ноќта со љубопитност ги впиваа зборовите на дедо Спасе. А, какви само приказни умееше тој да сплете…
Дедо Спасе имаше мала, но добро уредена градина, преполна со различни сорти дрвја. Сепак, омилени му беа петте лески. Ги негуваше со посебна љубов, а неретко карактеристиките на лешникот знаеше вешто да ги искористи како метафора во своите приказни… Раскажуваше дека лешникот му го варди умот, затоа и можел до доцна во ноќта да раскажува приказни, а през ден да работи полн со енергија. Дедо Спасе раскажуваше дека леската дава сила, енергија и ум. За лешниците велел дека ги јаде ЗА-УМ. Така и во семејството остана приказната ЗАУМ. Приказна која се пренесува од колено на колено и трае повеќе од 150 години.
Дедо Спасе одамна го нема на овој свет. Но, неговата лешникова градина продолжи да живее. Денеска на истото место, на 700 метри надморска височина, во чиста еколошка средина, потхранети со енергијата на струшкото сонце се одгледуваат најубавите лешници во Македонија. За нив се грижи правнукот на дедо Спасе. Во секој мал плод на овие лески е спакувано огромно богатство од хранливи состојки, витамини и минерали. Бошко одлучи лешниците да ги сподели со светот исто онака како што пред многу години неговиот прадедо несебично ги споделуваше своите приказни. За таа цел го создаде брендот ЗАУМ. Органските јаткасти плодови кои ги одгледува во Драслајца се главната состојка на секој производ на ЗАУМ.
И лешникот си има своја приказна, вистинска приказна. Тој е супер-храна. Се вели дека редовното конзумирање лешници може да го продолжи животниот век за 20 проценти. Сепак, она што најмногу фасцинира е неговата улога како храна на умот. И токму оттаму произлезе ЗАУМ-компанија која произведува премиум органски лешници, како и уникатен путер од лешник, и путер со лешник и мед.
Така да ако не сте ги пробале лешниците на ЗАУМ, тоа треба да го направите! Информирајте се на следниов линк