Оксфордската вакцина со одлични резултати, првите тестирања даваат надеж
Првите тестирања покажале дека оксфордската вакцина поттикнува силен имунолошки одговор.
Се смета дека компанијата “Astra Zeneka”, која работи на вакцина против Ковид-19 со Универзитетот во Оксфорд, е најблиску до успешно откритие на делотворна анти-корона вакцина.
Првите резултати од тестирањето на вакцината против коронавирусот, на чиј развој соработуваат Универзитетот во Оксфорд и компанијата “Astra Zaneka”, покажале дека препаратот поттикнува силна реакција на имунолошкиот систем кај постарите луѓе.
Лондонскиот дневник “Financial Times” од доверливи извори дознава дека истражувачите се охрабрени откако се покажало дека новата вакцина покажува силен имунолошки одговор кај постарите луѓе, кои се посебно чувствителни на тешки облици на Ковид-19 и изложени на висок ризик од смртен резултат од заразата, пренесува “Reuters”.