НЕВИДЕН ХАОС ВО 140 ГРАДОВИ ВО САД: ПОЖАРИ ВО БЛИЗИНА НА БЕЛАТА КУЌА, ОТПУШТЕНИ ПОЛИЦАЈЦИ, 13 ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ (ВИДЕО)

Ширум САД имало немири и за време на петтата ноќ од протестите поради убиството на Џорџ Флојд. Пожари околу Белата куќа, колапсот на системот во Филаделфија, уапсена ќерката на градоначалникот на Њујорк, се само дел од актуелната ситуација во вкупно 140 градови во САД.

Властите во Вашингтон вовеле полициски час, затоа што бројни полициски сили не успеале да ги задржат демонстрантите, собрани околу Белата куќа, дури и по неколку часа.

Неколку пожари биле подментнати во непосредна близина на местото каде престојуваат претседателите на САД, а бидејќи солзавецот и палките не успеале да ги обесхрабрат демонстрантите, бил воведен полициски час, пренесуваат медиумите.

Овој потег на властите, сепак, не ги обесхрабрил демонстрантите кои продолжиле да подметнуваат пожари недалеку од Белата куќа.Mr. Jones@MrJones_tm

St. John’s church in DC has been set on fire 🤬

Embedded video

224Twitter Ads info and privacy281 people are talking about this

Протестите, како што пишува „Њујорк Тајмс“, се одржуваат во 140 градови во САД. Полицијата уапсила повеќе од 4.000 лица досега.

Подеднакво драматично било и во Филаделфија, каде демонстрантите во неколку наврати се судриле со полицијата, а потоа ограбувајќи неколку големи продавници.

Настаните во овој град ги довеле до израз длабоките поделби што владеат во врвот на владата, така што локалните власти го поминале поголемиот дел од ноќта, како што пишува „Филаделфија инквајерер“, обвинувајќи се едни со други за тоа кој е виновен за фактот што демонстрациите ги дочекале неподготвени.Evan Lambert@EvanLambertTV

This is the LOBBY of an office building fully on fire. https://twitter.com/evanlamberttv/status/1267287645098586115 …Evan Lambert@EvanLambertTVMultiple fires in this area two blocks from the White House. No police. No firefighters. @fox5dc30Twitter Ads info and privacy51 people are talking about this

За време на немирите, најмалку 13 лица биле повредени со истрел од огнено оружје, меѓу кои и 12-годишно момче кое било погодено во раката со два куршуми.

До доцна вечерта по локално време, полицијата уапсила скоро 300 лица, од кои 66 за грабеж и четири за напад врз службено лице.Fuck the Curfew!!@just_mattriley

Tanker truck running people over on 35W bridge in Minneapolis

Embedded video

148Twitter Ads info and privacy109 people are talking about this

Во Бостон демонстрантите запалиленеколку полициски автомобили.

Во Њујорк полицијата ја уапсила Кјара де Бласио, ќерка на градоначалникот на најголемиот град во САД. Таа и сто други лица одбиле да се тргнат од улиците, кога полицијата им наредила да го сторат тоа, пренесува „Њујорк пост“.

Исто така во Њујорк, полицајци нападнале новинар од „Волстрит журнал“ и го удирале во главата со штит во неколку наврати.Brittany Miller@Brittm_tv

I watched this unfold last night. Go to my IG page for the FULL VIDEO and more details (it’s too long for Twitter). Instagram: @Brittmtv

Embedded video

8,873Twitter Ads info and privacy5,293 people are talking about this

Во Бирмингем, Алабама, демонстрантите го собориле споменикот посветен на Конфедерацијата.

Локалните власти отпуштиле двајца полицајци во Атланта, изјавувајќи дека тие биле претерано насилни кон луѓето кои насилно ги извлекле од автомобилот.

Немири се забележани и во Детроит, Сан Диего, Портланд.

Translate »