Османи: Денес бројот е уште позагрижувачки!
Денес бројот е уште позагрижувачки, напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на „Фејсбук“. Тој вели дека не е потребно многу да се заштитите од коронавирусот и апелира да не се верува во теориите на заговор и дека маската го намалува преносот за 79 отсто.
„Добро утро, шансите да бидете позитивни или да имате контакт со некој кој е позитивен во последните денови е многу голем. Затоа ве повикувам да се однесувате како да сте позитивни и како секој со кого сте во контакт да е позитивен. Не е потребно многу да се заштитите: не верувајте во теориите на заговор, маската го намалува преносот за 79%. Не биди причина за смртта на најблиските. П.С Денес бројот е уште позагрижувачки!“, напиша Османи.