„Пливавме голи и консумиравме дрога во Бакингемската палата“: Поранешен член на кралското семејство ги откри ”пикантериите”

Во последниов период медиумите не престануваат да пишуваат за скандалите кои што се случуваат во внатрешноста на британското кралско семејство, а сето тоа дополнително го ‘зачини’ англискиот новинар и писател – Атиш Тасер.

Тој бил во тригодишна врска со принцезата Габриела од Кент, која што минатата година се венча со банкарот Томас Хенри.  

И додека Габриела засега е во среќен брак, Атиш за славното списание „Vanity Fair“, откри многубројни интригантни ситуации на кои што бил сведок додека бил во љубовна врска со принцезата.

Тој објаснил дека на почетокот на 2000-те години се забавувал со Габриела, ќерката на принцот Мајкл и принцезата Мишел од Кент.

Инаку, принцот Мајкл е прв братучед на кралицата Елизабета, а принцезата Мишел е прославена авторка на многубројни книги, меѓутоа не е омилена во британската јавност поради тоа што ја сметаат за многу арогантна.

Габриела и Атиш, според неговите зборови, поминале три години заедно во текот на кои што пливале голи во кралскиот базен во Бакингемската палата, се дрогирале во дворецот во Виндзор и јаделе јагнешко месо.

„Беше тоа прекрасен начин да ги поминеш твоите 20-ти години од животот“ – заклучил Атиш.

Тој исто така детално опишал какви се принцот Чарлскралицата Елизабета, како и принцезата Мишел.

„Родителите на Габриела живееја во кралски апартман од пет соби во палатата во Кенсингтон, каде што принцезата порасна. Неколку полицајци со воки-токи, беа првата линија на одбрана. Тамошните канцеларии ме потсетуваа на нешто помеѓу воена болница и куќа во која што живеат некои стари луѓе“ – изјавил Атиш.

Славните станари на оваа палата биле принцезата Маргарет и принцезата Дајана, но и двете се починати.

Тие кои што сега останале таму, се помалку важни членови на кралското семејство и секретари кои што живеат и уживаат во сенка.

„Сè додека таму не пристигнаа Вилијам и Кејт, тоа место беше навистина депресивно. Принцезата Мишел сакаше да шокира. Принцот Чарлс е пријатен, а исто така и кралицата Елизабета.

Но, принцезата Мишел не е таква. Таа е Марија Антоанета во друштво на оние на кои што и бананите им се премногу егзотични“ – објаснил Атиш и додал дека принцезата Мишел изјавила дека секоја една девојка која што поминува по улица си замислува дека може да стане принцеза, алудирајќи на тоа дека Кејт Мидлтон е ќерка на стјуардеса, додека пак Меган е обична селебрити личност која што никогаш нема да го има тоа што го поседуваат членовите на кралското британско семејство.

Translate »