Ковид-19 слабее, но поопасен е за поединци – експерите ја утврдија врската помеѓу вирусот и лошите навики

Научници од Кина, Јужна Кореја и САД, укажуваат дека пушачите се во двојно поголем ризик да заболат од Ковид-19, и тоа во потежок облик.

Пушачите се во опасност од коронавирусот, накратко би можело да гласи предупредувањето на експертите, но и на пулмолозите.

Сите се опуштивме по укинувањето на вонредната состојба, но вирусот е помеѓу нас и треба да ги почитуваме превентивните мерки за заштита од него.

Многумина од луѓето се пушачи и се во поголем ризик да се заразат од потежок облик на болеста Ковид-19, на што предупредуваат последните истражувања од Кина, Јужна Кореја и САД, кои што велат дека актуелните пушачи, но и поранешни пушачи, корисниците на електронски цигари, имаат двојно поголем ризик да заболат од потежок облик на Ковид-19 за разлика од непушачите.

„Пушењето е поврзано со значително поголем ризик од напредување на самата инфекција“ – изјавил професорот по медицина Стентон Гланц, пренесуваат од Си-ен-ен.

Истражувањата кои што биле објавени во Кина, Јужна Кореја и САД, покажуваат дека околу 30 отсто од пациентите кои што биле пушачи, развиле потежок облик на болеста, во споредба со 17.6 отсто од непушачите.

Според зборовите на пулмолозите, кога вирусот веќе се наоѓа во нашите бели дробови, пушењето влијае лошо на создавање на природната слуз, а потоа во тие органи се појавува густа леплива слуз која што ја оневозможува работата на тие органи.

Translate »