ЕКСПЛОЗИЈА НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ ДВЕТЕ КОРЕИ: ПЈОНГЈАНГ ЈА УНИШТИ КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА ВРСКИ
Северна Кореја ја уништила канцеларијата за врски со Јужна Кореја во пограничниот град Кесонг, соопштиле јужнокорејските власти.
Според АФП, се слушнало експлозија, а од местото на настанот може да се види чад.
Експлозијата се случила само неколку часа откако била објавено дека Северна Кореја објави дека ќе испрати трупи во демилитаризираната зона.
Во текот на викендот, Ким Јо-Џонг, сестра на водачот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, изјавила дека наредила армијата да биде подготвена за таков чекор.
Тензиите меѓу двете страни се зголемија во последните недели, а Пјонгјанг остро го критикуваше Сеул поради активистите и оние кои избегаа од Северна Кореја, како фрлаат летоци преку границата, повикувајќи на отпор против режимот на севернокорејскиот лидер.AFP news agency✔@AFP
#BREAKING Explosion heard, smoke seen in North Korean border city Kaesong: Yonhap