МВР не може да влегува на семејни слави без налог

Наќе Чулев, на прашањето што презема МВР што коронавирусот се шири на семејни прослави, изјави дека Министерството не може да биде информирано и да влегува во домашни објекти без налог од Основното обвинителство.

“ОЈО во одредени случаи ни дава такви налози, а во други не ни ги издава”, објаснил Чулев и рекол дека останува само граѓаните да се однесуваат совесно. 

“Во ситуација кога не може да се дејствува веднаш вршиме препознавање на лицата и потоа се повикуваат во полициска станица и им се поднесува соодветен поднесок до Јавното обвинителство. Неопходно е граѓаните сами да бидат свесни и да носат заштита опрема зашто со доаѓањето на изборите претпоставувам дека сите тие мерки уште повеќе ќе бидат олабавени, најверојатно ќе се отворат границите од следната недела и граѓаните сами треба да бидат свесни за ризикот од заразата”, рекол Чулев.

Потсетуваме, вчера Здравствениот инспекторат го впери прстот во МВР и праша како може полицијата да не знае за семејните прослави, на што Чулев одговори дека МВР ги презема сите активности за спречување на ширењето на вирусот.

“Само министерот за внатрешни работи не може да ја реши оваа пандемија и здравствена криза. Неопходен е мултидисциплинарен пристап од сите институции , вклучително и голема совесност и свесност од граѓаните”, заклучил министерот.

Translate »