СЕ ВРАЌА НОЌНИОТ ЖИВОТ – Кафеаните и рестораните ќе работат до полноќ, а за викенд до 1 часот
Кафулињата и рестораните ќе можат да работат и до полноќ во работни денови, а до 1 часот по полноќ за време на викенд.
Практично, тие си го враќаат претходното редовно работно време.
Оваа одлука за продолжување на работата на угостителските објекти само што поминала на владина седница.
„Донесена одлука за продолживање на работното време на угостителските објекти до полноќ во работни денови и до 1 часот после полноќ за време на викендот“, напиша на фејсбук министерот за економија Крешник Бектеши.
Одлуката ќе стапи на сила кога ќе биде објавена во Службен весник, а според нашите извори тоа ќе биде најверојатно понеделник.
Како што е познато, угостителските објекти сега смеат да работат до 22 часот.