Моќен природен напиток: Го чисти телото од маснотии и наталожени токсини во рекорден рок
Овој напиток во себе ги содржи сите потребни витамини и минерали, а истиот добро ќе му дојде на организмот по обилно консумирање на храна или нездрав начин на живот.
Со редовната употреба ќе ги исфрлите сите наталожени токсини и маснотии во телото.
За припрема ви се потребни само 2 состојки – целер и лимон, а еве зошто токму овие 2 намирници се толку моќен спој: целерот содржи голема количина на вода која го олеснува варењето и излачувањeто.
Освен тоа, содржи соединение наречено “NBP” кое ја подобрува циркулацијата на цревата. Целерот содржи и фталид – соединение кои го намалува производството на хормонот на стрес, ги опушта мускулите околу артериите и ја подобрува циркулацијата. Калиумот кој се наоѓа во целерот ги стабилизира отчукувањата на срцето и го намалува крвниот притисок.
Лимонот е богат со витамин Ц и е неопходен за правилно функционирање на целото тело. Тој ќе помогне во исфрлање на токсините и маснотиите од организмот во рекорден рок.
Потребни состојки:
– 400 гр. целер
– 1 кг. лимон
Начин на подготовка:
Изрендајте 400 грама корен од целер, додајте го во 2 литри вода и нарендајте малку лимонова кора. Варете 20 минути, а потоа оставете да се излади 5-6 часа.
Исцедете 1 килограм лимон и додајте го во водата со изренданиот целер. Процедете ја течноста низ цедилка и ставете ја во стаклено шише.
Консумирање: Вака подготвениот напиток консумирајте го пред оброк, 3 пати дневно. Пијте околу 1 децилитар, а можете да го разредите и со вода. Напитокот чувајте го во фрижидер.