Црн или бел леб?
Ако се двоумите за тоа каков леб треба да консумирате, Ви даваме совет кој ќе ви помогне полесно да одлучите…
Популарноста на белиот леб е неоспорна и неговата употреба е доста голема. Белиот леб има подобри пекарски квалитети, но црниот леб има поголема хранлива вредност.
Бел леб:
– парче бел леб содржи само четврт-грам растителни влакна.
– најхранливите делови, обвивката и јадрото се отстрануваат со мелење.
– Белиот леб е храна богата со скроб, односно празни јаглехидрати.
– парче леб содржи 70 – 80 калории.
Црн леб:
– парче леб содржи 2 гр. растителни влакна, а некои се направени од различни видови зрна кои содржат и над 15 гр. влакна.
– богат е со природни влакна, витамини и минерали.
– темниот леб содржи неколку пати повеќе витамини и елементи во трагови, калциум, магнезиум и калиум отколку белиот леб.
– темниот леб го спречува дебелеењето и Ви дава чувство на ситост поради влакната што ги содржи.