МИЈАЛКОВ ЗА МИЦКОСКИ: НА СДСМ МУ ОДГОВАРА ПРВ ЧОВЕК НА ОПОЗИЦИЈА КОЈ Е НАВИКНАТ НА ПОРАЗИ
Поранешниот директор на УБК и член на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков смета дека стотици илјади членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ не заслужуваат да бидат предводени од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Не заслужуваат да ги води некој што лаже. На СДСМ му одговара прв човек на опозиција кој е навикнат на порази и одбива да се соочи со реалноста и одговорноста. Време е за промени. Време е за ново, сериозно раководство кое ќе ја добие поддршката од членството. Време е за луѓе кои ќе знаат да заземат став и да го бранат со аргументи“, стои во Фејсбук статусот на Мијалков. https://www.facebook.com/v8.0/plugins/post.php?app_id=&channel=https%3A%2F%2Fstaticxx.facebook.com%2Fx%2Fconnect%2Fxd_arbiter%2F%3Fversion%3D46%23cb%3Dfb49540bf786bc%26domain%3Dlokalno.mk%26origin%3Dhttps%253A%252F%252Flokalno.mk%252Ff1891fc096f0948%26relation%3Dparent.parent&container_width=688&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2F109075757547844%2Fphotos%2Fa.128441382277948%2F137767108012042%2F%3Ftype%3D3%26theater&locale=bg_BG&sdk=joey&width=618