Јапонка го криела трупот на мајка си во замрзнувач десет години
Јапонската полиција упасила жена откако во замрзнувач во нејзиниот стан е откриено телото на нејзината почната мајка, пишуваат локалните медиуми во саботата пренесува AFP.
Претставник на полицијата за AFP рекол дека 48-годишната Јуми Јошино била приведена „под сомнение дека отстранила и криела женско тело“ пронајдено во средата во замрзнувач во еден стан во Токио“.
Јошино рекла дека мајка си ја пронашла мртва и го сокрила телото пред десет години, бидејќи се плашела дека ќе биде иселена од станот кој го делеле, известуваат локалните медиуми повикувајќи се на неименувани полициски извори.
На смрзнатото тело немало видливи рани, но иследниците не можеле да го утврдат точното време и причината за смртта на жената. Полицијата додала дека телото било свиткано за да го собере во замрзнувачот.
Телото наводно го открило чистачка, откако Јошино кон средината на јануари морала да го напушти станот, бидејќи не ја плаќала станарината за домот кој бил под закуп во општински станбен комплекс. Јошино била уапсена во петокот во хотел во градот Чиба, префектура која се наоѓа во поширокот подрачје на јапонската престолнина Токио, пренесува агенција Kyodo News.