СЗО: Еве кога се очекува да заврши пандемијата на коронавирусот
Светската здравствена организација се надева дека кризата околу коронавирусот ќе заврши за помалку од две години, изјавил денеска генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус.
Шпанската грозница која се појавила во 1918-та траела две години, додал тој.
„Нашата ситуација сега е таква што имаме повеќе технологија, но со поголема поврзаност вирусот има поголеми шанси да се прошири, може да се развива побрзо“, рекол Гебрејесус.
Во светот со коронавирус се заразени 22,81 милиони луѓе, а 793.382 починале, пренесува Ројтерс.