Групното силување на тинејџерка (16) ги крена Израелците на нозе: Девојката ја злоставувале 30 момци, чекале ред пред соба
Израел ја потресе веста за силување на 16-годишна девојка во која 30 мажи учествувале, во хотел во летувалиштето Еилат, на што исто така реагирало и државното раководство.
Девојката минатата недела поднела тужба за силување поради бандата во која учествувале 30 мажи, изјавил за „Франс Прес“ портпаролот на израелската полиција, Мили Розенфелд.https://www.youtube.com/embed/nZBKdm-7UNs
„Двајца осомничени се уапсени во врска со случајот под истрага со 16-годишната девојка во градот на југ од земјата“, додал тој.
Инцидентот поминал речиси незабележано сè додека локален печат во четвртокот не објвил дека мажите чекале ред пред хотелската соба на девојката која била под дејство на алкохол.
Веќе во четвртокот навечер во градовите ширум земјата, вклучувајќи го и Тел Авив и Ерусалим, одржани се спонтани протести во знак на поддршка на девојката и го осудиле сексуалното насилство врз жени.https://www.youtube.com/embed/biVXtSHt1Ng
Митинг е одржан и во Хадера, од каде што потекнуваат осомничените, на кој присуствувал и градоначалникот.
„Жителите се огорчени поради овој настан“, рекол Зви Генделман. „Не сакаме да живееме во такво општество“, истакнал тој.
„Тоа е ужасно, немам други зборови. Тоа не е само злочин против девојката, туку злочин против целото човештво и мораме да ги осудиме“, искоментирал премиерот Бенјамин Нетаниаху, повикувајќи дека ‘виновниците треба да бидат изнесени пред лицето на правдата’.
Израелскиот претседател Рувен Ривлин им испратил ‘писмо’ на младите преку социјалните мрежи, во кое го осудил ужасот.