САД тоне во сè подлабок хаос: Тинејџер застрела двајца демонстранти
Полицијата на Илиноис уапси малолетник осомничен за убиство на двајца демонстранти синоќа во Кеноша за време на протестите кои избија откако полицајци му пукаа во грб на Афроамериканецот Џејкоб Блејк.
Командирот на локалната полиција Норман Џонсон изјави дека осомничениот има 18 години и уапсен е поради сомнение дека сторил убиство од прв степен. Полицијата не објави никакви други детали.
Социјалните мрежи се преполни со снимки од напаѓачот кој е идентификуван како Кајл Ритенхаус. Тој отворил оган со полуавтоматска пушка при што усмртил двајца демонстранти.https://www.youtube.com/embed/diT5i_84kKg
На социјалните мрежи исто така се појави и снимка пред нападот на која се гледа неговата одлучност да пука за „да го одбрани својот имот“.