Новиот случај во Кина ги остави научниците без зборови – во напуштен стан пронашле коронавирус, а еве како стигнал дотаму

Во едно купатило во напуштен стан во Кина, научници пронашле коронавирус и дошле до неверојатно откритие.

Стан во градот Гуангџоу во Кина кој бил дел од експериментот на научниците довел до ново откритие – во склоп на експериментот, научниците спровеле симулација во една зграда за да го следат движењето на вирусот и за да утврдат дали тој се шири и низ цевките.

Во зградата имало заразени, а во тоалетите во околните станови на заразените биле пронајдени траги од коронавирусот. Еден од становите бил напуштен со месеци пред експериментот, а научниците пронашле траги од вирусот на мијалникот, чешмата, во туш кабината како и на ВЦ школката.  

Своето откритие, научниците го објавиле во списанието “Environment International”.

Контаминираното купатило се наоѓало директно над станот на лица кои една недела пред тестирањето пријавиле дека се заразени.

Тоа води до заклучок дека вирусот може да патува низ цевките, што беше утврдено и пред 17 години за време на епидемијата на САРС. Инаку, научниците пронашле честички од вирусот дури и во становите кои биле 12 ката оддалечени од становите на заразените. Научниците претпоставуваат дека коронавирусот се нашол во цевките преку фекалиите и дека на тој начин се проширил низ целата зграда, пренесува “CBS News”.

Пред 17 години, за време на големата епидемија на САРС во Хонгконг, биле заразени 329 станари на една зграда, а било утврдено дека причината за масовната зараза биле старите цевки.

“Иако не можеме да ја исклучиме трансмисијата по пат на лифт, верувам дека цевките имале поголем удел во оваа епидемија”, изјавил тогаш претставник на власта.

Новиот коронавирус најмногу се шири по пат на капки, но научниците веќе докажале дека може да се шири и преку измет кој потоа со пуштањето на водата во ВЦ школката и аеросолите се шири низ тоалетот.

Translate »