ХАОС НА АВТОПАТ КОН ЗАГРЕБ: ДВАЈЦА МРТВИ, ПЛАМЕН ГИ ГОЛТА КАМИОНИТЕ, СЕ СЛУШААТ ЕКСПЛОЗИИ (ВИДЕО)

Неколку возила се судрија на автопатот А3 во Хрватска (Славонски Брод – Загреб) недалеку од одмораралиштето Јежево, по што се запалија, а загинаа две лица.

Густ црн чад и оган се видливи, а сообраќајот е целосно прекинат.

Неофицијално се судриле два камиона и два автомобила. „Минувавме во спротивната лента и видовме густ чад, кога се приближивме, сцената беше шокантна“, велат очевидците.

Поради сообраќајната несреќа, на автопатот имаше голем метеж, сообраќајот беше пренасочен, а луѓето возеа по заобиколни патишта.

На еден камион што гори, има буре кое постојано детонира, што го отежнува гаснењето.

https://www.facebook.com/plugins/video.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FBHTruckk%2Fvideos%2F786880255380045%2F&show_text=0&width=267

„Јас бев меѓу првите што дојдоа во близина на местото на несреќата, возев од спротивната насока. Еден колега од првиот камион ме запре и викаше да повикам полиција. Потоа, се обидовме да му помогнеме на возачот на третиот камион.

Лежеше во бесознание, но не можевме да ја отвориме вратата затоа што започнаа детонациите. Морав брзо да заминам затоа што возев цистерна што може да се запали, не сакав да ризикувам, се надевам дека успеаја да го извадат на време. Возам многу години и не сум доживеал ништо слично, страшно “, рече возачот кој беше меѓу првите што се нашол на местото на настанот.

https://youtube.com/watch?v=XGJW7zOKUYI%3Ffeature%3Doembed

Translate »