НАПАДНАТА ЕКИПАТА НА „АЛ ЏЕЗЕИРА“ НА ПРОТЕСТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)
Новинарската екипа на „Ал џезаира Балкан“ денеска била нападната од учесници на протестот на ВМРО-ДПМНЕ, информираше новинарката на оваа телевизија Милка Смилевска на својот Фејсбук профил.
-Дечкото на првото видео што го пријавив на полицаецот, не нападна со колегата Јорде и ми го бутна микрофонот додека снимав изјава, претходно ме праша дали сум од Ал Јазеера и тоа беше повод за нападот. Полицијата го приведе и ке му поднесе пријава. Јас нема да го тужам. На второто видео се слуша кога микрофонот паѓа. Кога го приведе полицаецот не сакаше да се легитимира. Нема потреба од агресија, борбата треба да е со аргументи и дела. Демократијата значи и различни медиуми, ако некој не ви се допагја не го гледајте или читате, не го напаѓајте физички, вели Смилевска.