ПОСЛЕДНИОТ ВИКЕНД ОД МЕСЕЦОВ ЌЕ КУПУВАМЕ БЕЗ ДДВ

Викенд без ДДВ во продавниците за облека, бела техника, мебел, училишен прибор ќе се организира кон крајот на септември.

Премиерот Зоран Заев изјави дека кон крајот на септември ќе имаме викенд без ДДВ, пред почетокот на школската година бидејќи тогаш родителите повеќе ќе трошат за дечињата кои ќе почнат со училишната година“, изјави Заев.

Вицепремиерот за координација со економските сектори Фатмир Битиќи изјави дека не се откажуваат од проектот „Викенд без ДДВ“ и оти се разгледуваат законските можности и здравствените аспекти кога тој може да се реализира.

„Веќе ги гледаме последните законски можности кога во најбрз временски период и во координација со здравствените институции, тоа може да се направи. Мислам дека наскоро со четвртиот пакет веќе ќе имаме став и за „Викенд без ДДВ“, рече Битиќи.

Коментирајќи ги мислењата на некои експерти дека мерката повеќе ќе им помогне на поимотните отколку на посиромашните граѓани и дека води кон сива економија, Битиќи кажа дека има механизми со кои би се идентификувале и елиминирале евентуалните вакви појави.

Со оваа мерка која Владата ја најави, ќе се поттикне потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори, како што се продавници за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги. Се очекува дополнителен приход од 20 милиони евра да се слеат во македонското стопанство.

Translate »