Со возилото се обидел да ги прегази полицајците кои го стопирале
Синоќа во Гостивар на улицата Илинденска, полициски службеници од Гостивар стопирале патничко моторно возило натоварено со огревни дрва.
Возилото го управувало 26-годишник од селото Лакавица-гостиварско, кој се обидел да ги удри полициските службеници.
Како што информираат од МВР, му помагал и неговиот татко Ф.И.(51) кој ги спречувал полицајците во извршувањето на службени дејствија.
Се работи на расчистување на случајот.