Момче (13) безгрижно се капело во езеро: Кратко потоа починало од инфекција од амеба која го ‘јаде’ мозокот!

Едно момче од САД починало од инфекција предизвикана од амеба која го ‘јаде мозокот’.

Станува збор за 13-годишно момче кое починало откако се разболело за време на одмор во камп на езерото Палатка во Северна Флорида, а како што тврдат неговите родители, инфекцијата од која починало била предизвикана од паразитска амеба која ‘го јаде мозокот’, пренесува порталот „News4Jax“.

Родителите на момчето тврдат дека се разболел два дена откако се капел на езерото со семејството и пријателите.https://platform.twitter.com/embed/index.html?dnt=false&embedId=twitter-widget-0&frame=false&hideCard=false&hideThread=false&id=1304202455866134528&lang=en&origin=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F353510%2Fmomce-13-bezgrizno-se-kapelo-vo-ezero-kratko-potoa-pocinalo-od-infekcija-od-ameba-koja-go-jade-mozokot&theme=light&widgetsVersion=219d021%3A1598982042171&width=550px

Во здравствениот центар, на родителите им е кажано дека се работи за воспаление на грлото, но откако не биле задоволни од дијагнозата, го префрлиле во друг здравствен дом, каде детето било ставено на апарати за дишење и се утврдила вистинската дијагноза – паразитска амеба за која нема лек.

Тој вид амеба, познат како ‘амеба која го јаде мозокот’, може да предизвика амебични менингоенцефалитис.

Амебите кои обично се населуваат во топлите води на езерата, реките и потоците, можат да предизвикаат сериозни инфекции ако контаминираната вода влезе во нечиј нос и стигне до мозокот. 

Translate »