ПАПАТА ИМА КОРОНА? СЕ СРЕТНАЛ СО ЗАРАЗЕН КАРДИНАЛ, СЕГА Е ПОД ПОСТОЈАН НАДЗОР

Папата Франциск е под постојан надзор под сомнение дека е заразен со коронавирусот по состанок со кардинал, кој подоцна беше тестиран позитивно за Ковид-19.

Филипинскиот кардинал Луис Антонио Тагле (63) на 29 август одржа приватна средба со папата Франциск. По враќањето во Манила на 10 септември, филипинскиот кардинал бил тестиран позитивно за вирусот, пренесува Гардијан.

Државниот секретар на Ватикан, Пјетро Паролин за новинската агенција АНСА изјави дека здравствената состојба на папата е под постојан мониторинг и дека моменталната состојба не е загрижувачка, но дека и покрај тоа тие се на готовс.

Папата разговара со своите посетители во Апостолската палата без да носи заштитна маска. Минатата недела беше виден како носи маска за прв пат од почетокот на пандемијата.

Папата ја избегнува својата вообичаена практика на ракување и бакнување со бебиња и користи средства за дезинфекција на рацете, пренесува Танјуг.

Папата беше тестиран на вирусот во март, кога беше откриено дека надбискупот што живееше со него во истата резиденција се разболел од КОВИД-19.

Translate »