ЃОРГИЕВ: ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ПРИПАЃА И НА МАКЕДОНИЈА И НА БУГАРГИЈА

„Изјавите кои ги даваат бугарските политичари и членови на комисијата во јавноста, се во правец дека Гоце Делчев е Бугарин по националност“, изјави Драги Ѓоргиев од Комисијата за историски и образовани прашања.

Според него, оваа комисија нема мандат да одлучува за идентитетот на било кој од тој револуционерен период.

„Ако направите селекција на историските извори, оние кои што и одговараат на македонската страна, тогаш апсолутно има елементи нашата страна да го претстави Делчев како Макеоднец“, вели Ѓоргиев и дополни дека по него, Гоце Делчев ѝприпаѓа и на Македонија и на Бугарија и тој тука го гледа патот на преговорите.

„Делчев е роден во Кукуш, Македонија и ги поминува бугарските образовни институции. Меѓутоа неговата лојалност е кон татковината Македонија“, вели Ѓоргиев.

За него, ако не можеме да се усогласиме треба да се најде некој среден пат кој ќе овозможи да ја преминеме таа пречка.

Translate »