Ураганот во Грција остави пустош зад себе, фармерите спасуваат заробени животни
Две лица загинаа, а едно е исчезнато во невремето што предизвика поплави во централна Грција. Ураганот ги опустоши островите во Јонското Море, како и регионот Кефалонија.
Утрово споделено е видео на кое може да се види поплавениот регион и фармери кои ги спасуваат своите домашни животни.https://platform.twitter.com/embed/index.html?dnt=false&embedId=twitter-widget-0&frame=false&hideCard=false&hideThread=false&id=1307568540132814850&lang=en&origin=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F354059%2Furaganot-vo-grcija-ostavi-pustos-zad-sebe-farmerite-spasuvaat-zarobeni-zivotni&theme=light&widgetsVersion=219d021%3A1598982042171&width=550px
Инаку, телото на првата жртва беше пронајдено вчера во нејзината поплавена куќа во село во близина на градот Фарсала, а подоцна телото на 63-годишен маж е пронајдено недалеку од болницата во градот Кардица.
Најмалку два моста и неколку згради беа оштетени при излевање на река.
Жената која се води како исчезната, го игнорирала предупредувањето на пожарникарите и полицијата да не се вози во областа каде што реката го преплавила мостот.
Грчката противпожарна служба соопшти дека примила скоро 2.500 повици за евакуација на затрупани жители и за отстранување на дрвјата што ги блокирале патиштата.
Некои делови од земјата останаа без електрична енергија.