Целиот град се претворил во езеро: Неверојатни снимки од Грција по ураганот

Три лица настрадале од последиците на “медитеранскиот ураган”, многу редок вид на бура која во текот на викендот зафатила дел од Грција.

Бурата Јанос корнела дрвја и предизвикала снемување на струја на јонските острови и во подрачјето на западен Пелопенез. 

Потоа се проширила во централна Грција, погодувајќи во главно подрачја околу градовите Кардитса и Фарсале, а потоа го зафатила и Крит.https://www.youtube.com/embed/7sk4BONqK38

Експертите проценуваат дека на подрачјето на Кардитса биле поплавени 5.000 куќи. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најавил помош од владата.

Бури како Јанос за прв пат биле забележани во Грција во 1995-та година, но во последните години се почесто. Слична бура ја погодила земјата во 2018-та година.

Во 2017-та во поплавите смртно настрадале 25 луѓе, а стотици луѓе останале без домови.

Translate »