Како да го навикнете вашето дете да пие повеќе вода?

Кај сите деца, особено кај оние во процес на формално образование, може да се забележи сличен однос кога се во прашање течностите кои ги внесуваат на дневно ниво – ја избегнуваат водата, а преферираат големи колични засладени и газирани пијалаци. Активниот живот кој го водат децата подразбира намалување на нивото на течности во телото – дали преку дишење, потење или внес на храна. Затоа, од исклучителна важност е да знаете како да го навикнете вашето дете да пие повеќе вода.

Експертите препорачуваат дека секое дете на возраст од 4 до 8 години треба да пие најмалку 1 литар вода дневно, не вклучувајќи ги тука засладените пијалаци и останати видови на освежување. За децата над 8 години се препорачува и повеќе од 1 литар вода, а тинејџерите (13+ години) треба да консумираат околу 2 л вода. Меѓутоа, ова е тешко да им го објасните на вашите деца, па затоа некогаш треба да бидете инвентивни со барањето решенија за тие да останат здрави и нивниот развој да биде правилен.

Кај помалите деца, секогаш е подобро да го направите пиењето вода забавно, за тие да не го сфатат како ригидна обврска. Еден пример како да го направите тоа е да му купите на вашето дете негова сопствена чаша или пак шишенце од кое ќе пие постојано. Побарајте некое со неговиот омилен суперхерој, спортист или со омилениот филмски лик. Така детето ќе има некоја своја сопственост од која ќе му биде задоволство да пие вода и да ја носи со себе, а притоа ќе добие и лекција по одговорност, бидејќи ќе научи да го чува она што е негово.

Овие работи не се секогаш ефективни кај постарите деца, па затоа за нив ќе треба навистина да се потрудите. Обидете се да поставите некаков систем на наградување ако вашето дете пие повеќе вода. И тоа не мора да биде материјална награда – може да биде едноставно продолжување на времето за играње надвор, давање на повеќе време за сурфање на интернет или можеби исполнување на некоја од неговите желби. Разговарајте со вашето дете и базирајте го наградниот систем на она што ќе има најголема корист за него – така ќе го мотивирате да се придржува до поздрави навики, но и ќе ја подобрите меѓусебната комуникација.

Сепак, најважно е да предводите со пример. Многу е хипокритично да го убедувате вашето дете дека не треба да пие газирани и засладени пијалаци, а вие да го правите тоа постојано. За почеток, отстранете ги засладените пијалаци од фрижидерот и наполнете го со вода. Хидратацијата со вода секогаш треба да ви биде прв избор на вас и вашето дете.

Се’ разбира дека не е важно само колку, туку и каква вода пиете! На вас и особено на вашето дете ви е потребна квалитетна, вода која ќе ви помогне да го поттикнете метаболизмот да работи подобро и побрзо, која ќе ви даде енергија и ќе ве снабди со сите потребни минерали. Токму таква е Ладна – вода со совршено балансиран хемиски состав кој ќе му помогне на вашето дете полесно да ги исфрли токсините од телото, ќе го зајакне неговиот имунолошки систем и ќе ја одржи на високо ниво физичката и менталната активност. Исклучително ниското ниво на натриум, ја прават Ladna погодна за деца од најрана возраст. Затоа, Ladna е прва вода препорачана од Здружението на педијатри на Македонија и е погодна за подготвка на храна за доенчиња. За вас, а особено за вашето дете, Ладна претставува совршената голтка здрав живот!

Translate »