Работниците во шок – додека ја чистеле канализацијата пронашле џиновски стаорец (видео)
Општинските работници во Мексико биле шокирани откако забележале џиновски стаорец меѓу тоните ѓубре што биле исфрлени од канализацијата.
Поради обилните врнежи од дожд во Мексико минатата недела имало преоптоварување на отпадните води и дури 22 тони разновидно ѓубре било исфрлено на површината, вклучително и огромен „глодар“, пренесува Њујорк пост.
По првичниот шок на работниците, било утврдено дека станува збор за реквизит од „Ноќта на вештерките“ за кој се верува дека завршил во канализацијата по невремето и таму останал неоткриен со години.
Приказната од Мексико стана вирална на интернет, а во меѓувреме се јавила жена по име Евелин Лопез која изјавила дека таа го направила стаорецот за Ноќта на вештерките.- Реклама –
Таа рекла дека „исчезнал“ пред неколку години за време на силно невреме и никој не можел да и помогне да го пронајде.