Дрвокрадците што нападнаа полицајци биле страв и трепет во селото Степанци: Сведоштва

Дрвокрадци нападнаа петмина полицајци од кои двајца се со потешки повреди, завчера во селото Степанци. Жителите на селото сведочат дека ова не е прв пат да имаат проблеми со ваква група, затоа што тие и порано правеле проблеми. Настанот бил само кулминација. Новинарот Фуркан Салиу кој бил таму вели дека селаните се плашат од дрвокрадците.

„Ми влезе дома и ми побара вода, морав да му дадам Се плашиме од нив. Еднаш се обидовме да ги снимиме, не бркаа со моторни пили, колата ни ја оштетија, рекол еден селанин.

Дргиот сведочел дека му ги исекле дрвјата од двор, а откако се обиделе да ги спречат им се заканиле дека ќе им ја исечат главата со моторна пила. 

Селаните велат дека имало политички договор, да гласаат за партијата која што беше на власт, а за возврат, тие им дозволуваат да ја сечат шумата. Последните две години, откако се смени власта, поретко доаѓале, но во последниве месеци, веројатно е постигнат „договор“ па дивата сеча продолжила, пишува Салиу.

Translate »