Гвинет Палтроу за 48-от роденден се соблече гола во својот двор: „Моето роденденско одело денеска“
Палтроу објавила фотографија на која што се гледа како стратешки позира во својата поранешна градина.
Во текот на викендот Гвинет Палтроу одлучила да го прослави својот 48-ми роденден на вообичаен начин, со објавување на гола фотографија на социјалната мрежа Инстаграм.
Таа добила многубројни коментари, а под поставената фотографија напишала:
„Во ништо друго освен во моето роденденско одело денеска…“.
„Многу ви благодарам за роденденските желби и на коментарите на мојата фотографија“ – се заблагодарила таа.
Инаку, Кортни Кокс ѝ напишала: „Среќен роденден. Колку си убава и восхитуваш на толку многу начини“.