КОГА УСПЕШНИОТ СЕ СОМНЕВА ВО СЕБЕ, А НЕСПОСОБНИОТ МИСЛИ ДЕКА Е УСПЕШЕН

Едноставно кажано, „синдромот на измамник“ им ја одзема шансата на многумина да блеснат, додека господата Данинг и Кругер ќе „дозволат“ погрешни луѓе да бидат во центарот на нашето внимание. Да си ги преценуваш своите способности не е во ред, но ако некој мисли дека е недостоен на својот успех, уште полошо.

Вработените треба да се запознаат и разберат. Не се вели попусто да пробаме да живееме со некого за да сфатиме кој и што е таа личност.  Во деловното опкружување е малку потешко. Денес многу се пишува за т.н. “quiet quitting”, но никој не пишува премногу за причините за „тивкото откажување“ (овој феномен не значи буквално давање отказ, туку кога вработениот го прави само она што мора и ништо повеќе, н.з.). Дали се работи само за финансиски аспект, немотивираност, недостиг на поддршка, безнадежност на поединецот, недостаток на предизвик, лоша корпоративна култура или нешто сосема друго?

Честопати сме забележале дека некој е перфекционист, а тоа може да биде и комплимент. За некого ќе кажеме и ќе видиме дека има тенденција на микроменаџирање. Од друга страна, ќе ги учиме поединците како да делегираат. Сигурно имаме вработени во околу нас кои се трудат натпросечно, се докажуваат, кои сакаат апсолутна контрола над се’ и сешто. Дали имаат т.н. синдром на измамник?

Недостојни за успехот

Imposter синдром или синдром на измамник е психолошки феномен при што  личноста има постојано чувство дека, од некоја за неа непозната причина, не е достојна за своите достигнувања и дека не го заслужува успехот што го постигнала (и дека наскоро ќе биде откриена како измамник). Лицето со синдром на измамник често мисли дека кај и да е ќе биде прогласено за  неискрено или некомпетентно. И сето тоа се случува без ниту една конкретна причина.

Оваа состојба обично ги погодува луѓето кои  постигнале значителен успех во споредба со другите. Без разлика на нивните конкретни успеси, луѓето со синдром на измамник имаат постојано чувство дека само имале среќа и дека другите успешни луѓе се далеку подобри од нив.

Импостер синдромот  може да биде многу деструктивен и може да влијае на личното задоволство, кариерата и животниот успех. Позадината на синдромот на измамник може да биде поврзана со различни фактори, како на пример  изложеност на чести критики во детството, како и различни социо-културни фактори.

Токму затоа, синдромот на измамник често ги остава вистинските луѓе на погрешни места. Нивното знаење и стручност нема да бидат препознаени, па затоа ниту соодветно платени, ниту наградени. Меѓутоа, од друга страна, оние кои бараат брзи и едноставни решенија, па ако се случи грешка, и не било толку страшно, може да се препознаат како агилни.

Но, што ако пак тие, од друга страна, имаат проблеми со Данинг-Кругеровиот синдром?

Неспособност да се процени својата компетенција

Синдромот Данинг-Кругер е целосна спротивност на синдромот на измамник. Овој психолошки феномен ја опишува тенденцијата на некои луѓе да ги преценуваат сопствените способности и знаење, а истовремено да ги потценуваат способностите и знаењето на другите луѓе. Овие луѓе веруваат дека се многу компетентни во области каде што всушност се слабо информирани или неискусни, а во исто време не се во состојба да ги препознаат своите недостатоци или слабости.

Но, дали е тешко да се убеди таквата личност во погрешноста на нивните ставови, дури и кога му се обезбедени јасни и недвосмислени причини и докази против нивното мислење? Таквите луѓе се прилично отпорни на учење и личен развој.

Синдромот Данинг-Кругер е именуван по психолозите Дејвид Данинг и Џастин Кругер, кои првпат го опишале во нивната позната статија од 1999 година. Тие спровеле серија експерименти кои покажле дека луѓето со Данинг-Кругер синдром имаат тенденција да бидат помалку кадарни  да ги проценат сопствените способности и да се потпираат на несигурни извори на информации, што доведува до погрешни заклучоци и одлуки.

Во нивната статија со наслов ‘Unskilled and Unaware of It: How Difficulties in Recognizing One‘s Own Incompetence Lead to Inflated Self-Assessments‘, Данинг и Кругер опишуваат серија студии што ги спровеле за да ги истражат разликите во способноста за самооценување помеѓу поединци кои биле експерти во одредена област и оние кои не биле.

Резултатите од студијата покажале дека неискусните поединци често ги преценуваат своите способности и ги потценуваат способностите на другите, додека искусните поединци биле посклони реално да ги проценат своите способности и способностите на другите.

Данинг и Кругер го објаснија овој феномен сугерирајќи дека на неискусните поединци им недостасуваат знаења и вештини потребни за да ги проценат своите и способностите на другите. Ова значи дека неискусните поединци се помалку свесни за своите недостатоци и ограничувања, што доведува до преценување на нивните способности.

Тие исто така откриле дека неискусните поединци се помалку склони да бараат повратна информација за нивната работа или да ги развијат своите вештини, што дополнително ќе ја влоши нивната неможност да ги препознаат сопствените недостатоци.

Самата статија укажува на многу повеќе, бидејќи ја истакнува важноста на критичкото размислување, самосвесноста и развојот на сопствените способности, како во приватно време, така и во деловно опкружување. Тоа директно ја нагласува важноста на учењето и развојот на вработените.

Едноставно кажано, синдромот на измамник им ја одзема шансата на многумина да блеснат, додека господата Данинг и Кругер ќе „дозволат“ погрешни луѓе да бидат во центарот на нашето внимание. Да се ​​биде измамник не е во ред, но ако некој мисли дека е измамник, уште полошо.

Затоа, ако мислиме дека во нашата компанија има луѓе кои се водат од принципите на ‘тивко откажување’, да размислиме од кои принципи ние како менаџери сме се откажале.

Translate »