Општина Центар: Инвеститорот во рок од 3 дена да ја урне челичната конструкција пред гостилницата „Аманет“
Инвеститорот ДПТУ ПРИМЕС КО. ДООЕЛ Скопје има три дена рок да ја урне нелегално поставената урбана опрема пред деловниот простор на „Гостилница Аманет“ кај палата „Емануел Чучков“, утврдил овластен градежен инспектор на Општина Центар.
Од увидот на инспекторатот, било констатирано дека инвеститорот немла решение за челичната конструкција обложена со стакло со димензии 10 на 11 метри. По ова е донесено решение со кое му се наредува на инвеститорот во рок од три дена да ја урне градбата.
Челичната конструкција е со димензии 10×11 метри.
Општината соопшти дека изјавена жалба против првостепеното решение со кое се наредува отстранување на наведените градби, не го одлага извршувањето на решението согласно член 137 став 4 од Законот за градење.