За Бугарија нема веќе Ден на сесловенската,туку на бугарската писменост!

Бугарското Собрание го преименува празникот 24 мај – наместо на се словенската, отсега ќе биде Ден на бугарската писменост…Предлогот од партијата на Красимир Каракачанов со мнозинство гласови и поддржано од партијата на Борисов помина во парламентот

24 мај Софија повеќе нема да го слави како ден на Словенската туку како ден на Бугарската писменост, а кирилицата како бугарска а не словенска азбука….Бугарското Собрание денеска го изгласа предлогот на Обединетите патриоти, предводени од партијата на Каракачанов, но и со подршка на ГЕРБ на актуелнито премеир Бојко Борисов.. Во образложението на предлогот , се наведува дека станува збор за сосема природна и логична историска промена, и дека во истовреме претставува и начин да се отпочне процес на признавање на кирилицата на ниво на Европската Унија како бугарска азбука..

-Денеска може да се каже дека кога станува збор за 24 мај, бугарското општетсво разбира дека тоа е денот на бугарската писменост, се наведува во предлогот усвоен од пратениците во прво читање..од тн. наречениот Патгриотски блок. 24 мај е најбураски празник а формулацијата празник на словенското писмо била воведена од бугарската Комунистичка партија пред 30 години.. За професорката Елка Јачева Улчар, најавата на Софија дека 24 мај ќе го слави како Ден на бугарската а не сесловенсклата писменост претставува провокација не само кон нас туку и кон останатиот славистички свет..Според Улчар во науката се прифаќа дека во основата на Старословенскиот јазик лежат Македонски говори од околината на Солун, а првото словенско писмо напишано од Кирил и Методиј е глаголицата

Одлуката на бугарското Собрание доаѓа непосредно по Меморандумнот кој Софија го испрати до земјите членки а во кој мегудругото Македонскиот јазик е наречен дијалект на Бугарскиот..Преименувањето пак на 24 мај како празник на бугарската азбука и писменост, ја отвора дилемата како и на кој начин со Софија заеднички би се чествувал празникот на Светите Кирил и Методиј,во духот на Договорот за добрососедство.

Translate »