И во лето се сади! Еден цвет или грмушка, едно дрвце или цела една градина.
Бетонот е сив, фасадите студени, но само едно дрво меѓу нив раѓа живост. Mеѓу најубавите чувства е задоволството кое доаѓа од чинот дека сме засадиле растение! Понекогаш е тоа само еден цвет или грмушка, едно дрвце или цела една градина. Се околу нас оживува….
Уреденото зеленило го одмара погледот, овозможува почист воздух, создава чувство на хармонија со природата…. денот добива поттик за убаво, природата “влегува во чувствата”.
Што и да посадиме ќе ја поттикне нашата блискост со растението, грижата за неговиот развој и плодот од неговиот цут.
Зеленото го облагородува просторот, урбаното добива визура на свежина, го спојува асфалтот со земјата и го бои со сите нијанси на природата.
Дрвјата се долговечни!. Нивниот век е траење, го следиме нивниот раст, разгранување, раскош, плод, нивната младост, зрелост и секое повторно разлистување, и повторно истиот процес.
Се почнува со зборот „сакам„.
Сакам кога природата е раскошот во мојот двор, пред мојата зграда, на мојата тераса, во мојата канцеларија. Денес, речиси подеднакво природа се планините но и вертикалните градини. Парче природа е и големото растение во канцеларија или малото саксиско цвеќе на бирото. Секое на свој начин го предизвикува чувството на среќа.
Новото време ја наметнува потребата урбаните навики да се облагородат. Во градинарскиот центар Фоја ќе ви помогнат да направите избор, но и да учествувате во чинот на садење на вашата иднина, иднината на новите генерации.
Природата е прекрасна и полна со плодови. Сите бои и нијанси на пурпурот во зимзеленото или листопадното ги шараат улиците и парковите.
И Во лето се сади. Ќе Ви помогнеме да изберете од прекрасните садници кои ги имаме во огромен број, да ги издвоите вашите омилени или да бидете љубопитни во изборот со нешто ново. Изборот е личен. Секој си го наоѓа своето омилено растение, но ќе биде радост ако одберете две, три или повеќе во група, од секого по желба и ако направите заедничка градина.
Наш заеднички предизвик ќе биде да одбереме нешто што ќе ви го расцути просторот и ќе му даде белег на природа.
Средените дворови и разлистените тераси инспирираат позитивни чувства, добра енергија, баланс на денот, продуктивност и смиреност.
„Човек барем еднаш во животот треба да засади растение“
Оваа мисла останала од дамнешни времиња, се пренесувала од век навек и станала мудрост.
Бетонот е сив, фасадите студени, но само едно дрво меѓу нив раѓа живост. Ако секој од нас засади само барем по едно дрвце, садиме шума…и така ден по ден, година, една по друга. Сѐ зазеленува.