„Душата боли, а умот има милион прашања. Знам дека веќе не сум иста“: Сопругата на Тони Михајловски искрено за борбата со канцерот
41-годишната Александра Јорева Михајловски, сопругата на познатиот актер Тони Михајловски, пред неколку денови на својот Фејсбук профил си ја отвори душата и раскажа сè што поминала во борбата против канцерот.
Јорева објаснува дека на денешен ден пред една година била примена во Аџибадем Систина за целосна хемотерапија.
„Денес е мојот 1 роденден како сум чиста од канцер! Благодарна на бога и на мајкичка богородичка🙏 Ви благодарам што постоите луѓе!“, пишува Александра.
Таа повикува на љубов и грижа за сопственото здравје, бидејќи, ако навреме ги забележуваме знаците кои нѝ ги испраќа нашето тело, многу работи може навреме да се спречат.
„Сакајте се чувајте се, правете контроли и навремено реагирајте, телото ни кажува многу работи само треба да го слушаме. Затоа што борбата е тешка, душата боли а умот има милион прашања. Знам дека не сум веќе иста никогаш и нема да бидам и ваква се сакам повеќе! Да бидеме живи и здрави уште бар 100г.“, вели сопругата на Михајловски.