После земјотресот Турција и Грција на удар на мини-цунами!

Стравични снимки пристигнуваат од Грција и Турција откако грчкиот остров Самос беше погоден од земјотрес со јачина од 7 степени по Рихтеровата скала. Потресите биле толку силни што се почувствувале од Атина до Истанбул.

После првиот земјотрес, следувале три помали со јачина од 4,1, 4,2 и 4,8 степени.

Епицентарот на земјотресот бил на 17 километри од турската провинција Измир, на длабочина од 16 километри. Грчките власти ги повикаа жителите на грчкиот остров Самос, околу 45 илјади луѓе, да не се приближуваат до брегот.

Локалните медиуми од Самос известуваат за причинета штета на бројни објекти и патишта, додека пак од соседна Турција пристигнаа информации дека неколку згради се срушени во Измир.

Судејќи според снимките кои се појавија на социјалните мрежи, Измир е погоден и од помало цунами, затоа што земјотресот го подигна нивото на водата во Егејското море и поплави делови од градот.

Translate »