Направена е првата трансплантација на лице и раце на светот: Можам пак да се смеам

Во јули 2018 година, како 20-годишник, Димео заспал зад воланот, изгубил контрола над возилото и удрил на работ од патот по што автомобилот се запалил.

Го спасил случаен минувач, кој храбро го извлекол од возилото пред да експлодира. Димео претрпел изгореници од трет степен на скоро 80% од неговото тело. Останал без очните капаци, ушите и повеќето прсти. Имал и големи лузни на лицето и вратот кои делумно ги покривале очите и му отежнувале да се движи, пишува Си-Ен-Ен.

Оваа среда, лекарите од болницата во Њујорк, Лангон соопштија дека, по 23 болни часови операција, на Димео му трансплантирале кожа на лицето и рацете. Операцијата била извршена во август минатата година, но лекарите чекале извесно време за да ја прогласат за успешна, бидејќи било потребно да се види дали ќе има отфрлање на трансплантациите.

“Досега успешно се извршени над сто трансплантации на раце и скоро 50 трансплантации на лице. Значи, немаше причина зошто не можевме успешно да ги извршиме двата процеса”, рече во средата д-р Едуардо Родригез, водач на тимот кој ја извршил трансплантацијата.

Досега во светот имало два обида за трансплантација на лица и раце, но и двете операции не успеале.

“Требаше да избегнеме инфекција, моравме да сториме сè што е можно побрзо. Требаше внимателно да го избереме донаторот и да ја примениме најновата технологија за да обезбедиме успех. Токму тоа го сторивме. Џо е здрав, млад, силен, сака да вежба , јаде здраво и е силен. Тој сакаше оваа операција да успее “, рече Родригез.

Во операцијата учествувале 80 лица од шест хируршки тимови. Се изведуваше во две операциони сали. Во една, лекарите ги отстраниле ткивото на лицето и на раката од донаторот што умирал и го замениле со 3Д-протеза.

“Ние секогаш ја започнуваме операцијата со едноминутно молчење за да му оддадеме почит на семејството на донаторот. Треба да се има предвид дека некој мора да се откаже од својот живот за другиот да продолжи да живее”, истакна Родригез.

После тоа, во втората просторија, лекарите на Димео му направиле ново лице и раце. Тогаш тој бил на одделот за интензивна нега четириесет и пет дена и два месеци на рехабилитација во болницата.

Младиот човек наскоро научил да ги отвора новите очни капаци, да мрда со новите раце и повторно да се насмевне.

Translate »