ВИДЕО: Тајфун со брзина до 170 километри на час носи се пред себе на Филипините
Повеќе од 300 куќи во тешко погодената провинција Албај во регионот Бикол се закопани под камења и кал од вулканот Мејон, изјави официјално лице.
Невремето ги погоди крајбрежните градови, а неколку села во Бикол се потопени во излевање на реките и протекување на насипите.
Сите мртви и исчезнати се од Бикол, вклучително и деветмината во Олбеј, објави цивилната заштита. Претходно во текот на денот, гувернерот на Албеј, Франсис Бичара, рече дека петгодишното дете било однесено од поплавата.
,,Гони” започна да слабее додека минувал низ провинциите Кезон и Батангас и се упати кон Јужното Кинеско Море.
Најсилното невреме на светот оваа година, супер тајфунот Гони, кој донесе силни ветришта и обилни дождови, се движел со брзина до 170 километри на час, објави метеоролошкиот завод.
Околу 390.000 луѓе се засолниле во побезбедни области, вклучително и повеќе од 345.000 во центрите за евакуација, што може да го загрози придржувањето кон здравствените протоколи поради пандемијата на коронавирус.