Димитар Ковачевски е новиот претседател на СДСМ

Димитар Ковачевски е наследник на Зоран Заев на фунцкијата претседател на СДСМ по денешните втори внатрепартиски избори во владеачката партија. Ова го покажуваат податоците по обработени податоци.

Ковачевски засега има 7.915 гласа и убедливо водство во однос на противкандидатите Фросина Ременски за која гласале 562 члена на СДСМ и Јован Деспотовски кој досега има 562 гласа. Неважечки се 108 гласа.

Правото на глас на денешните вонредни внатрепартиски избори во СДСМ го искористиле 43.469 членови.

Гласањето заврши во 19 часот и во тек е обработка на податоците.

„Централната изборна комисија ќе ги соопшти резултатите од вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ“, се наведува во соопштението од партијата.

Translate »